Дома Топ вести Познато како ќе изгледа Милан со Конте

Познато како ќе изгледа Милан со Конте

Италијанските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте од следната сезона ќе седне кормилото на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно Конте постигнал начелен договор со „росонерите“ и на крајот на сезоната ќе го замени Пиоли на клупата, а ќе потпише 3-годишен договор.

Двете страни разговарале и за трнсферите, односно како треба да изгледа тимот со Конте следната сезона, а трофејниот стратег побарал неколку засилувања.

Конте сака да му бидат донесени двајца дефанзивци, односно еден десен бек и еден стопер. Еден играч за врска, а најголема желба е Родриго де Паул од Атлетико Мадрид.

Во нападот бара да му бидат доведени двајца напаѓачи, а најголеми желби се Зиркзе од Болоња и Беџамин Шешко од Лајпциг.

Милан наводно е спремен да му ги исполни желбите и да ги задржи најдобрите фудбалери како Мењан, Тое Хернандес и Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…