Дома Останати Познати сите четвртфиналисти: Овде се крие новиот шампион на Мелбурн!

Познати сите четвртфиналисти: Овде се крие новиот шампион на Мелбурн!

Давид Гофан, Милош Раониќ, Рафаел Надал и Григор Димитров ја комплетираа листата на четвртфиналисти на Австралија Опен.

Давид Гофан стана првиот Белгиец кој изборил пласман во четвртфиналето на Австралија Опен, откако славеше над Австриецот Доминик Тим со 5:7, 7:6, 6:2, 6:2. Противник на Гофан во четвртфиналето ќе му биде Бугаринот Григор Димитров кој од турнирот го елиминира Денис Истомин, човекот кој го детронизира Новак Ѓоковиќ во второто коло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Четири сета за пласман во четвртфиналето одигра и Милош Раониќ, кој по елиминацијата на Енди Мари и Новак Ѓоковиќ е највисоко рангираниот носител на турнирот. Третиот носител и минатоодишен полуфиналист во Мелбурн го совлада Роберто Баутиста-Агут 7:6, 3:6, 6:4, 6:1.

Раониќ за пласман во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал. Шпанецот славеше над Гаел Монфилс 6:3, 6:3, 4:6, 6:4.

На Австралија Опен, утре на програмата се првите две четвртфинални средби, четвртиот носител Стан Вавринка ќе игра против 12-от фаворит Жо-Вилфред Цонга, додека 17-от носител Роџер Федерер за противник ќе го има Миша Зверев, кој го елиминираше светскиот број еден, Енди Мари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…