Дома Топ вести Познати деталите: Влаховиќ најскап зимски трансфер во историјата на Серија А

Познати деталите: Влаховиќ најскап зимски трансфер во историјата на Серија А

Рано утрово како „бомба“ одекна веста дека Душан Влаховиќ е пред трансфер во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Влаховиќ ги одби сите други понуди и се договори со Јувентус, каде ќе потпише 5-годишен договор тежок 7 милиони евра по сезона.

Фиорентина и Јувентус денес ги договорија последните детали, па Влаховиќ утре треба да пристигне во Торино на лекарски прегледи.

Медиумите ги открија и финансиските детали од трансферот, кој ќе чини вкупно 75 милиони евра, што е најскап зимски трансфер во историјата на италијанскиот фудбал.

Јувентус ќе плати 67 милиони евра, плус 8 милиони евра во име на бонуси наредните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…