Главна трансфер цел на Милан на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголемата желба на клубот од „Сан Сиро“.
Главна цел на „росонерите“ за следната сезона е доведување на врвен напаѓач, а прв избор е Џонатан Дејвид од Лил.
Клубот веќе работи на трансферот на напаѓачот кој веќе неколку сезони блеска во Лига 1. Ова лето неговата цена беше 60 милиони евра, сума која Милан не сакаше да ја плати.
Меѓутоа, Дејвид на лето вчегува во последната година од договорот и Милан верува дека ќе го комплетира трансферот за 40 милиони евра.