Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити е фаворит за потписот на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, пренсуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Халанд уште се заинтересирани Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед, но овие клубови тешко дека ќе можат да ја израмнат понудата на „граѓаните“.
Имено, „граѓаните“ на Норвежанецот му нудат астрономска плата од 24 милиони евра по сезона.
Поради тоа Сити е фаворит за потписот на Халанд и се очекува за неговата слобода да и плати на Борусија околу 100 милиони евра.