Дома Фудбал Италија Познат фаворитот за наследник на Пиоли

Познат фаворитот за наследник на Пиоли

Неколку европски гиганти покажуваат силен интерес за италијанскиот тренер Роберт де Зерби, а најсериозен е интересот на Милан.

Милан на лето сигурно ќе се раздели со Стефано Пиоли, па веќе ја започна потрагата по негова замена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанскиот стратег пред две сезони го донесе Скудетото за „росонерите“, меѓутоа сезонава не ги оправда очекувањата па клубот реши да прави на лето тренерска смена.

Милан веќе ја започнал потрагата по негов наследник, а на врвот на листата желби е Роберто де Зерби.

Де Зерби со неговиот Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата, игра одличен фудбал и остварува феноменални резултати.

Италијанецот добива комплименти и од неговите колеги, па се очекува на лето да направи чекор напред во кариерата, а никогаш не криел дека сака да се врати во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…