Дома Топ вести Познат новинар тврди: Се е готово, Ливерпул наскоро го објавува и третото засилување!

Познат новинар тврди: Се е готово, Ливерпул наскоро го објавува и третото засилување!

liverpool

Изгледа дела Ливерпул постигна нов договор, работите се одвиваат во добар правец и како што се пренесува прашање е само денови кога се ќе биде завршено…

Познатиот новинар Мутаз Чехаде на својот Твитер профил објави дека практично се е готово и дека само прашање на време е кога Ливерпул ќе го објави новиот трансфер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Набил Фекир чека да бидат договорени и последните детали помеѓу Ливерпул и Лион, Чехаде на почетокот на мај објави дека преговорите добро напредуваат и дека самиот Фекир веќе го договорил трансфер, а со вчерашниот твит практично потврди дека се е готово.

Фекир игра во фантастична форма оваа сезона и на 40 натпревари постигна 23 погодоци и забележа осум асистенции.

Се работи за фудбалер кој се очекува да биде огромно засилување, може да игра како офанзивен играч за врска и во самиот шпиц, а многумина во него гледаат идеален наследник на Кутињо кој го напушти Ливерпул во јануари.

Цената би требало да изнесува околу 60 милиони евра и дополнителни бонуси со што се очекува да се задоволат апетите на сопственикот на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ројс купи пиво за 80.000 фанови: Последната тура е моја🎥

Борусија Дортмунд се раздели со Марко Ројс, кој го одигра последниот меч на домашен терен …