Дома Фудбал Познат датумот на Суперкупот на Шпанија – две „Ел Класика“ за три дена!

Познат датумот на Суперкупот на Шпанија – две „Ел Класика“ за три дена!

Шпанските гигнати Реал Мадрид и Барсеолона ќе ги одмерат силите во Суперкупот на Шпанија на 11-ти и 14-ти август, потврдија денес шпанските медиуми.

Првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“ на 11-ти во петок, а возвратниот меч е на „Сантиаго Бернабеу“ три дена подоцна, односно на 14-ти август.

Интересно е што тимот на Зидан само три дена претходно, на 8-ми август игра во Скопје против Манчестер Јунајтед за Суперкупот на Европа.

Претходно на 29-ти јули Барселона и Реал Мадрид ќе го одиграат првото „Ел Класико“ ова лето и тоа во Америка, што ќе биде и деби за новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед најде неочекуван клуб

Тирел Маласија има можност да ја продолжи својата кариера на сосема неочекувано место, по …