Maкедонската тенисерка Лина Ѓорческа има солиден настап на турнирот во Визбаден.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето помеѓу најдобрите четири тенисерки. Денес во четвртфиналето таа ја победи фаворизираната Италијанка Федерика Ди Сара.
Првиот сет Лина го доби со 6:1, а во вториот водеше со 2:0 кога Италијанката го предаде мечот поради повреда.
Во полуфиналето утре Ѓорческа ќе игра против подобрата од дуелот Бурел (Франција) – Игнатик (Романија).