Дома Фудбал Англија Погба „удри“ по Жозе Мурињо

Погба „удри“ по Жозе Мурињо

Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба се осврна на проблемите кои ги имаше со Жозе Мурињо кога двајцата работеа заедно на „Олд Трафорд“.

Двајцата имаа добро соработка, но во еден момент дојде до расправија, па Мурињо дури и му ја одзеде капитенската трака на Французинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба сега проговори за лошата страна на Португалецот и истакна дека често ги обвинува фудбалерите.

„Тоа што го имам сега со Оле е поинакво, тој не би отишол против фудбалерите. Можеби Оле нема да го одбере фудбалерот, но не го става на страна како тој да не постои веќе. Тоа е разликата меѓу Мурињо и Оле“.

„Кога имав добар однос со Мурињо, сите го видоа тоа, а следниот ден не знаеш што ќе се случи. Тоа е чудна работа која ја имав со Мурињо, не можам да ви објаснам бидејќи дури ни јас не знам“, изјави Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…