Дома Фудбал Погба си игра со трпението на Мурињо (фото)

Погба си игра со трпението на Мурињо (фото)

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе отсуствува од терените во следниот месец и половина поради повреда која ја заработи на мечот со Базел во ЛШ.

„Црвените ѓаволи“ ќе мораат да одиграат неколку важни натпревари без Погба, а Жозе Мурињо одлучи активно да се вклучи во процесот на рехабилитација на 24-годишниот Французин.

Имено, „Специјалниот“ одлучи да го испрати Погба на десетдневен одмор каде ќе ja има сита потребна терапија за брзо опоравување.

„Пол доби краток одмор за да се одмори и да се обиде што е можно побрзо да ја залечи повредата. Наскоро ќе има нови тестирање и после тоа приближно ќе знаеме кога ќе се врати во игра“, истакна Мурињо.

И додека Мурињо му спрема одмор за брзо опоравување, Погба ги крши сите правила. Па така за време на рехабилитацијата во просториите на клубот одлучи да заигра, па многу го налути Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…