Манчестер Јунајтед го победи Фенербахче во Лига Европа со 4:1, во натпревар во кој конечно блесна најскапиот фудбалер во светот, Пол Погба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Погба постигна два гола, првиот од пенал, но призна дека за тоа побарал дозвола од Вејн Руни иако капитенот не е задолжен за изведување на пенали.
„Му кажав дека сакам да го изведам пеналот и тој ми дозволи. Среќен сум што постигнав гол. Играч како него, Вејн Руни, капитенот, да ми дозволи да шутирам, покажа големо почитување и многу сум му благодарен”, истакна Погба.