Дома Фудбал Италија Погба испрати силна порака по поразот на Јувентус од Монца

Погба испрати силна порака по поразот на Јувентус од Монца

Јувентус е еден од клубовите за кои паузата поради репрезентациите веројатно добро ќе му дојде.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ влезе во серија на лоши резултати, а на последниот натпревар беа поразени и од Монца, тим кој пред овој натпревар беше последен и немаше победа.

Италијанскиот гигант има проблеми и со повредите еден од оние на кои Алегри не може да смета од самиот почеток е Пол Погба. Французинот се врати во Торино како големо засилување, меѓутоа се повреди во припремниот период.

По поразот од Монца Погба се огласи на социјалните мрежи и испрати една силна порака.

„Ние никогаш не се откажуваме. Сезоната е долга, ние сме Јуве“, гласи пораката на Погба.

Засега не е познато кога точно Погба ќе се врати на терените, но се очекува тоа да биде некаде кон крајот годината или почетокот на наредната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…