Дома Фудбал Англија Повторно најпобаруван на трансфер пазарот: Еве ги четирите опции за Гонзало Игуаин?!

Повторно најпобаруван на трансфер пазарот: Еве ги четирите опции за Гонзало Игуаин?!

Нема место во Јувентус, но сите го сакаат. Нему не му се брза, а откриено е што би сакал најмногу…

И натаму нема напредок во преговорите помеѓу Игуаин и Челзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Јувентус не се откажува, сумата е 60 милиони евра, „Плавите“ чекаат на продажба на Мората или Жиру за да ја соберат сумата.

Аргентинецот е на одмор во својата земја, чека расплет, тој сака и Јувентус да му исплати оштета бидејќи е надвор од ростерот по пристигнувањето на Роналдо.

Но, додека „Плавите“ чекаат, во Јувентус пристигнаа уште три понуди.

Имено, се појави Тотенхем кој верува дека Кејн и Игуаин би биле фантастичен тандем, а Милан и натаму го посакува во своите редови.

Сега со враќањето на Леонардо во клубот, тоа е уште поизразено, Бразилецот сакаше да го донесе дека беше директор во ПСЖ.

И на крајот се појави опцијата Интер. Но, не како размена за Икарди што се споменуваше на почетокот на летото, туку како замена.

Имено, ако Маурито навистина заврши во Реал, Интер би се насочил кон Игуаин. На рака им оди приказната дека Аргентинецот сака да остане во Италија и дека не сака да замине во Лондон, иако таму е Сари под чие водство експлодира во Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на ша…