Дома Фудбал Англија Повредата на Асенсио го стопира трансферот на Себаљос!?

Повредата на Асенсио го стопира трансферот на Себаљос!?

Реал Мадрид го совлада тимот на Арсенал во синоќешниот натпревар од Интернационалниот куп по изведувањето на пеналите. (3:2)

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, она што фрли сенка на случувањата на теренот е повредата на Марко Асенсио кој во еден дуел со Обамејанг заработи потешка повреда на коленото.

Првите сомнежи се дека се работи за скинати вкрстени лигаменти на коленото, повреда која може да го оддалечи од терените 6 до 8 месеци.

После натпреварот тренерот на Арсенал, Унаи Емери зборуваше за повредата на Асенсио и дали тоа ќе влиае на трансферот на Себаљос.

„Не знам дали оваа ситуација го менува прашањето околу преминувањето на Дани Себалјос во нашите редови. Можам да кажам дека многу ми е жал за повредата на Марко Асенсио. Секако дека не сакавме да повредиме никого, ова се лоши вести за Реал, но и за нас исто така“, истакна Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…