Дома Македонски спорт Мак баскет По поразот од Цибона, Рајковиќ си поднесе оставка од клупата на МЗТ

По поразот од Цибона, Рајковиќ си поднесе оставка од клупата на МЗТ

МЗТ и по четвртото коло во АБА лигата нема победа во оваа конкуренција, откако во неделата, во драматичен натпревар загуби од Цибона, по две продолженија 85-89. По натпреварот тренерот Емил Рајкоиќ поднесе оставка, а клубот реши да ги раскине договорите со Америкаците Џеремаја Мејси и Тори Томас.

По убедливите порази против Црвена ѕвезда, Партизан и Цедевита, кошаркарите на МЗТ беа на чекор до првата сезонска победа во АБА лигата, но најмногу поради сопствените грешки, запишаа уште еден пораз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во драматичен меч, МЗТ најпрвин дозволи Цибона да избори продолженија, а потоа и да го добие мечот. Блескаше во тимот од Загреб Анте Жижиќ со 37 поени и 20 скокови.

Луќиќ со 18, Тејмс со 17 и Лалиќ со 15 поени беа најефикасни во редовите на макеонскиот првак.

МЗТ на овој натпревар настапи без Американците Џеремаја Мејси и Тори Томас со кои клубот реши да ја прекине соработката, а ново деби во дресот на металците имаше Стефан Синовец.

По мечот тренерот Емил Рајковиќ објави дека поднел оставка на функцијата.

„Дадов се од себе, но едноставно немаме резултати. Јас како тренер и човек негувам високи морални вредности и поради тоа поднесов неотповиклива оставка. На МЗТ му посакувам среќа во наредниот период“, изјави Рајковиќ по натпреварот.

МЗТ на наредниот меч, против Лиеткабелис во Еврокупот, ќе го предводи Александар Јончевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…