Дома Фудбал Италија Пирло: Јувентус и Сити се подобри од Барселона

Пирло: Јувентус и Сити се подобри од Барселона

Легендарниот италијански фудбалер, Андре Пирло има свои фаворитри оваа година за освојување на Лигата на шампиони.

Фудбалскиот „Моцарт“ не верува дека Барселона може да го освои најпрестижниот трофеј бидејќи смета дека Јувентус и Манчестер Сити се посилни од Каталонците.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во Лигата на шампионите речиси секогаш ви треба момент кој дополнително ќе ве инспирира. Треба да ви се погоди годината, има случаеви кога едноставно знаете дека може да одите до самиот крај. Во случајот на Јувентус, имаа перфектен меч против Атлетико, тоа може да биде дополнителен мотив за нив“, смета Пирло.

„Добра вест е и елиминацијата на Реал Мадрид. Јувентус оваа сезона ми изгледа супериорен во однос на Барселона, мислам дека тие не се главен ривал за титулата. Манчестер Сити би можел да биде многу понезгоден ривал“, заклучи Италијанецот.

Пирло во интервју за „Газета дело Спорт“ додаде дека Ајакс нема никакви шанси против неговиот поранешен клуб.

„Роналдо реши да се смени на 33 години, што значи дека уште има голема мотивација. Во една сезона секогаш има момент на пресврт, совршен меч кој ја менува сезоната. Мислам дека Јувентус има добра ждрепка и дека физички ќе го уништи Ајакс. Ајакс можеби го победи Реал, но тие беа неорганизирани како никогаш претходно. Тоа нема да се случи со Јуве“, заклучи Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…