Дома Фудбал Италија Пирло: Среќен сум што го избравме Мората, знаевме за каков играч станува збор

Пирло: Среќен сум што го избравме Мората, знаевме за каков играч станува збор

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората пред почетокот на сезоната пристигна во Јувентус и тоа се покажа како одличен потег на „старата дама“.

Јувентус долго време се поврзуваше со Џеко, трансферот беше блиску до реализација, но на крајот поради некои причини се пропадна, па во италијанскиот шампион се насочи кон Мората.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Мората и претходно го носеше дресот на Јувентус кога играше на позајмица од Реал Мадрид и во клубот добро знаеа за каков играч се работи. Од доаѓањето во Торино Шпанецот одигра осум натпревари и постигна шест голови. Пред денешниот натпревар со Каљари тренерот Пирло зборуваше за Мората.

„Тој е одличен играч и поради тоа одлучивме да го доведеме во Јувентус. Ја врати самодовербата која ја изгуби во Мадрид и Челзи. Знаевме колку вреди и за каков играч се работи, направивме одличен избор. Знаете и вие кој се беше во игра и среќен сум што на крајот изборот падна на Мората“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…