Според најавите од Италија второлигашот Пиза ќе го ангажира Андреа Пирло за нов тренер во обидот да се врати во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пиза изминатата сезона ја заврши на 11. позиција, па затоа си замина тренерот Лука Д’Анџело и спортскиот директор Клаудио Киелини, кој е брат на поранешниот фудбалер на Јувентус Џорџо.
И на местото спортски директор во Пиза сакаат да доведат пзонато име и тоа најверојатно ќе биде Србинот Александар Коларов кој помина долги сезони во италијанскиот фудбал.
Од друга страна Пирло е без ангажман откако си замина од турски Карагрумрук на крајот на оваа сезона, претходно една сезона беше тренер и на Јувентус.