Дома Фудбал Италија Пирло: Можам да замислам што ќе беше ако нас ни досудеа ваков пенал

Пирло: Можам да замислам што ќе беше ако нас ни досудеа ваков пенал

Јувентус вчера изгуби на гости од Наполи со 1:0. Единствениот гол го постигна Лоренцо Инсиње од белата точка.

Пеналот беше досуден откако главниот судија беше повикан да гледа ВАР. По прегледувањето на снимката судијата процени дека дуелот помеѓу Киелини и Рахмани е доволен да се досуди најстрога казна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Наполи не шутна кон нашиот гол. Изгубивме поради тој сомнителен пенал. Играта ни беше добра, но за жал изгубивме. Ако се суди пенал додека некој шири раце кога топката е во рацете на голманот тогаш треба да има многу пенали. Можам да замислам што ќе беше ако нас ни досудеа ваков пенал“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите зборуваат за Тотенхем, но во Шпанија се подготвува уште поголема катастрофа!

” Фудбалската сезона која привршува може да ни донесе неверојатни приказни од двете …