Дома Топ вести Пирло во јануари го сака Локатели по секоја цена

Пирло во јануари го сака Локатели по секоја цена

Раководството на Јувентус започна преговори со играчот за врска на Сасуоло, Мануел Локатели, пренесува „Тутоспорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 10 милиони евра.

Локатели го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација.

Пирло сака засилување за средниот ред, а најголема желба е токму Локатели, кој и самиот не крие дека има голема желба да се пресели во Јувентус.

Проблем е цената, бидејќи Сасуоло во моментов го проценува својот играч на 50 милиони евра, а „старата дама“ не е спремна да понуди повеќе од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…