Дома Македонски спорт Петмина позитивни во ракометната репрезентација пред заминувањето за Дебрецин

Петмина позитивни во ракометната репрезентација пред заминувањето за Дебрецин

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти дека на последното тестирање кое беше извршено вчера се откриени пет позитивни случаи на ковид-19, кои нема да патуваат со остатокот од репрезентацијата на Европското првенство (ЕП).

РФМ соопшти дека пет члена се заразени со вирусот, па тие за жал ќе останат во Македонија и нема да можат да им помогнат на своите колеги.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Почитувани,

Во рамки на подготовките за претстојното ЕП 2022 (Унгарија – Словачка) македонските репрезентативци утре наутро ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин. Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања на 4ти и 7ми и 10ти јануари.

Според резултатите од денешните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови на таборот на Ракометната федерација на Македонија, кај 5 (пет) претставници кои утре требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, детектиран е вирусот SARS-CoV- 2 (Covid-19).

Македонската ракометна репрезентација утре во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин – Унгарија , а првиот меч од групната фаза нашите машки сениори ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија“, соопшти РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…