Дома Фудбал Италија Официјално: Ова се петте натпревари кои ќе се играат пред празни трибини во Серија А

Официјално: Ова се петте натпревари кои ќе се играат пред празни трибини во Серија А

Пет натпревари од 26. коло во Серија А кои ќе се одиграат следниот викенд нема да бидат одиграни во типична фудбалска атмосфера.

Поради епидемијата од корона вирусот Фудбалскиот сојуз и италијанската влада одлучија пет натпревари да се одиграат пред празни трибини.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа значи дека најочекуваниот натпревар на сезоната, дуелот помеѓу Јувентус и Интер ќе се одигра без присуство на навивачите на двата тима.

Без навивачи ќе се играат следните натпревари: Удинесе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ, Сасуоло – Бреша и Јувентус – Интер.

За натпреварите Лацио – Болоња, Наполи – Торино, Лече – Аталанта и Каљари – Рома нема опасност и гледачите ќе можат да присуствуваат на тие натпревари.

Во понеделникот колото ќе го затворат Сампдорија и Верона, а конечната одлука за тоа дали на овој натпревар ќе има гледачи се уште не е донесена бидејќи одлуката важи до недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Босански голман го збесна Роналдо: Португалецот не постигна гол од седум зицери

Фудбалерите на Ал-Насра го победија Ла-Калееј на гости во 29. коло од Саудиската Про лига …