Дома Фудбал Перез: Не сакаме да играме во Америка

Перез: Не сакаме да играме во Америка

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез истакна дека не сака неговиот клуб некои натпревари да ги игра во Америка.

Ла Лига претходно склучи договор со медиумската компанија Релевент според кој некои првенствени натпревари ќе бидат одиграни на американско тло.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, првиот човек на мадридскиот клуб тврди дека тие не се спремни да играат на друго место освен во Шпанија.

„Не сакаме да играме во САД. Не знам чиј е интересот да се игра таму, но не е во интерес на клубовите и навивачите, затоа го отфрламе ова како можност.“

Барселона и Гирона би требало во јануари да играат во Мајами. Ќе видиме дали некој од каталонскиот клуб ќе реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен дебакл за Челзи. Ова не им се случило 114 години

Фудбалерите на Брајтон триумфираа со 3:0 против Челси во натпревар од 34. коло на Премиер …