Љубителите на фудбалот во Бразил, но и во целиот свет со нетрпение го очекуваат Светското првенство кое ова лето ќе се игра во Русија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразил после неколку големи турнир повторно се надева дека има тим со кој може да стигне до тронот, а прва ѕвезда на оваа генерација ќе биде Нејмар. Легендарниот Пеле смета дека Нејмар е спремен да го предводи Бразил до титулата на Мундијалот.
Нејмар во овој момент игра во одлична форма. Постигна 28 погодоци и запиша 15 асистенции во сите натпреварување.
„Тој ја промени играта во националниот тим, тоа мораше да го направи. Во клубот игра како крилен напаѓач, додека во репрезентацијата има повеќе слобода и на теренот се однесува како класична „десетка“. Спремен е да го води овој тим и верувам во него. Тој е клучен играч на Бразил“, изјави Пеле.