Дома Фудбал Пандев со гол за Џенова, но Киево ги однесе бодовите

Пандев со гол за Џенова, но Киево ги однесе бодовите

Горан Пандев постигна гол, негов втор во дресот на Џенова, во Серија А, но Киево ги однесе бодови од „Луиџи ферари“ стадионот, со победата 1:2. Победа во ова голо запиша Палермо над Фиорентина 2:0.

Џенова имаше можност да победи, но при резултат 0:0, Џовани Симеоне не реализира пенал. Откако синот на Чоло Симеоне го промаши пеналот во 36.минута, Пандев погоди седум минути подоцна за предност на Џенова.

Во второто полувреме Киево направи целосен пресврт со головите на Бастиен и Бирса.

Палермо ја победи Фиорентина со 2:0, со головите на Дијаманти и Алесами. Илија Несторовски доби жолт картон во првиот дел, а во вториот беше заменет со Сали. Александар Трајковски не доби шанса да игра.

На другите натпревари: Болоња го победи Удинезе 4:0, Кротоне ремизираше 1:1 со Милан, Каљари ја победи Песакара 1:0, а Емполи загуби од Сасуоло 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…