Дома Фудбал Италија Пандев лут: Над мене беше направен чист пенал, судијата и ВАР погрешија! (ВИДЕО)

Пандев лут: Над мене беше направен чист пенал, судијата и ВАР погрешија! (ВИДЕО)

Тимот на Рома вчера славеше против Џенова со резултат 3:2.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Македонскиот капитен Горан Пандев во редовите на Џенова ги одигра последните 25 минути од натпреварот.

Пандев влезе во прилика во последните минути од натпреварот, но во таа ситуација тој беше турнат од Флоренци. Главниот судија не се огласи и ВАР не реагираше, што ги налути сите во клубот.

„Тоа беше чист пенал. Барав да биде прегледан ВАР. Судијата и ВАР погрешија,, не заслуживме да изгубиме, одигравме добар натпревар. Кога постигнавме два гола во првото полувреме сметав дека сме многу блиску до успех, можевме да постигнеме и трет. Сепак, таков е фудбалот има уште да се игра и пред нас се многу бодови“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поштар во Англија заврши во затвор – вршел нелегални преноси од Премиер лигата!

Поштар од Пемброкшир е осуден на три години затвор затоа што снабдувал скоро 2000 клиенти …