Дома Фудбал Репрезентации Пандев: Италија – Македонија ќе гледам на телевизија, нема да одам во Рим

Пандев: Италија – Македонија ќе гледам на телевизија, нема да одам во Рим

Maкедонската фудбалска легенда, Горан Пандев и пред овој натпревар помеѓу Италија и Македонија беше интересен за медиумите на Апенините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пандев беше запрашан да го прогнозира натпреварот, но сепак не сакаше тоа да го направи, а откри и дека нема да патува во Рим да го гледа натпреварот.

„Натпреварот ќе го гледам на телевизија, нема да одам во Рим. За мене натпреварот е специјален, па нема да давам прогнози“, изјави Пандев.

Доби прашање Пандев и за враќањето на Валтер Мацари на клупата на Наполи. Мацари го водеше Наполи кога Пандев беше член на овој тим.

„Не е убаво да се зборува за тренерот кога ќе биде отпуштен, жал ми е за Гарзија, но фудбалот е таков. Мацари е вистинскиот човек да го врати Наполи при самиот врв“, истакна Пандев.

Италија и Македонијак во рамките од претпоследното коло од квалификациите ќе се сретнат на 17. ноември во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Каземиро не можеше да ги сопре солзите по испаѓањето: Ги разочаравме сите Бразилци

Фудбалерите на Норвешка го совладаа Бразил со 2:1 и се пласираа во четвртфинале на Светско…