Дома Фудбал Италија Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Пандев и Џенова не успеаа да го запрат Интер?

Интер запиша рутинска победа на гостувањето кај Џенова, а нашиот репрезентативец Горан Пандев го одигра целиот меч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После поразот во градското дерби Интер немаше право на кикс, па од самиот старт тргна по победата.

Џенова добро се држеше и одолеа во првото полувреме, во кое не видовме големи шанси.

Второто полувреме почна во ист ритам, но Лукаку во 64-та минута го доведе Интер во водство после асистенцијата на Барела.

Во 79-та минута Дамброзио ги постави конечните 2:0 откако најдобро се снајде после еден корнер на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо одговори на критиките: Кога нема да дадам голот, велат дека сум за во пензија

Кристијано Роналдо покажа голема самодоверба пред новинарите по двата гола во победата на …