Дома Фудбал Италија Палермо на Несторовски казнет со 10.000 евра поради бизарна причина

Палермо на Несторовски казнет со 10.000 евра поради бизарна причина

Италијанскиот Палермо е казнет со 10,000 евра поради бизарна причина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден навивач на овој тим, за време на натпреварот против Фоџа (1:2), го погоди судијата со сладолед, а Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија донесе одлука да го казни тимот од Сицијлија. Така, поранешниот член на Серија А е казнет со 10,000 евра, а овој инцидент се случи во текот на првото полувреме, па судијата секако го пријавил.

Тоа не е се што се случува во Серија Б. Еден од тренерите на екипата на нашиот Несторовски е суспендиран до крајот на оваа сезона, бидејќи во натпреварот против Бреша го удри економот на овој тим, а потоа и играчот кој сакаше да го заштити.

Серија Б оваа сезона е многу интересна. Се води голема битка на врвот, но и за опстанокот и очигледно е дека уште многу вакви работи ќе се изнагледаме на терените во Б класата на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Петкратниот светски шампион Бразил е вториот тим што се пласираше во осминафиналето на Све…