Дома Фудбал Италија Палермо испадна од Купот, Несторовски остана без тренер!

Палермо испадна од Купот, Несторовски остана без тренер!

Палермо со поразот на пенали од Специја се прости од натпреварите во италијанскиот Куп, а тоа го чинеше отказ тренерот Роберто Де Зерби.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мечот по 120 минути заврши без голови, а во пенал серијата Специја победи со 4:3. Балог во четвртата и Голданига во петтата серија не беа прецизни од белата точка.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој е единственатат светла точка во очајниот тим на Палермо, нетпреварот го гледаше од клупата за резервни играчи.

Веднаш по натпреварот првиот човек на клубот, Маурицио Зампарини му врачи отказ на тренерот Роберто Де Зерби. Медиумите тврдат дека негов наследник ќе биде Еугенио Корини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе веќе не е посакуван во Мадрид: Над 12 милиони навивачи сакаат да си замине!

Килијан Мбапе ја изгуби поддршката од бројни навивачи на Реал ширум светот, што доведе до …