Дома Топ вести Официјално: Џек Грилиш за 100 милиони фунти потпиша за Сити!

Официјално: Џек Грилиш за 100 милиони фунти потпиша за Сити!

Како и што се најавуваше Манчестер Сити вечерва во „сенка“ на објавата дека Меси заминува од Барселона го потврди трансферот на Џек Грилиш.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Грилиш изрази големо задоволство што пристигнува во Сити.

„Неверојатно сум среќен што се приклучив на Манчестер Сити. Тој е најдобриот клуб во Англија и го има најдобриот менаџер во светот. Во изминатите 10 сезони освоија многу трофеи, Пеп ги одведе на едно повисоко ниво. Играњето за него и учењето од таков човек е сон на секој фудбалер“, изјави Грилиш на претставувањето.

Во Сити Грилиш ќе го носи дресот со број 10, а треба да се спомене и дека со сумата од 100 милиони фунти ова е најголемиот трансфер во англискиот фудбал, срушен е рекордот на Погба при преминувањето од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…