Дома Топ вести Официјално: Челзи се засили со дефанзивец!

Официјално: Челзи се засили со дефанзивец!

Тимот на Челзи го донесе првото зимско засилување кое ќе му помогне во походот кон освојување на титулата во Премир лигата.

Станува збор за младиот Холанѓанец, Нејтан Аке кој играше на позајмица во Бурнмаут, па „сините“ се одлучија да го вратат на „Стенфорд Бриџ“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борнмаут на својот сајт објави дека фудбалерот, кој експлодираше во текот на есента, се враќа во Челзи кој ја искористи клаузулата во договорот и му ја скрати позајмицата за шест месеци пред истекот.

Аке во дресот на Борнмаут одигра 12 натпревари во Премиер лигата и постигна три гола, вклучувајќи го тука и победничкот погодок против Ливерпул во месец декември.

„Големо благодарам до сите фанови на Бурнмаут, ми се допадна мојот престој и тука научив многу. Исто сакам да му се заблагодарарам на менаџерот, стручниот штаб, играчите за поддршката и им посакувам се најдобро во остатокот од оваа сезона“, истакна Аке

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…