Дома Фудбал Англија Официјално: Фудбалерот кој во летниот преоден рок дојде во Манчестер Јунајтед си замина

Официјално: Фудбалерот кој во летниот преоден рок дојде во Манчестер Јунајтед си замина

Пред нас е зимскиот преоден рок во кој клубовите ќе можат да направат промени и да се засилуваат за продолжение од сезоната.

Манчестер Јунајтед веќе започна да работи на промените и откако клубот го напушти Ван Де Бек, денес официјално во Тотенхем се врати и Серхио Регулион.

Регулион во клубот пристигна во текот на летото на позајмица од Тотенхем со цел „црвените ѓаволи“ да ги решат проблемите во одбраната, меѓутоа не успеа да се наметна кај стратегот Ерик Тен Хаг.

Шпанецот сепак беше среќен што имал прилика да биде дел од Манчестер Јунајтед.

„Одлично беше што имав прилика да заиграм за Манчестер Јунајтед, сакам да се заблагодарам на сите во клубот и фановите, беше привилегија да се игра за овој голем клуб“, изјави Регулион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Француските медиуми го критикуваа Баркола за настапот против Белгија

Бредли Баркола доби критики од француските медиуми по настапот во победата на Франција про…