Ајакс игра феноменална сезона и е на чекор од пласман во финалето од Лигата на шампиони, па многу играчи на овој клуб го привлекоа вниманието на европските гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од нив е и левиот бек Таљафико за кого европските гиганти се тепаат, но тој реши да му остане верен на Ајакс.
Имено, денес Аргентинецот стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон холандскиот гигант до 2022 година.
Таљафико ја игра втората сезона за Ајакс, каде што дојде од редовите на аргентинскиот Индепендиенте.
Левиот бек сезонава постигна 6 гола и 8 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
¡Vamos @Nico_Taglia! ???
❌❌❌ is his home! pic.twitter.com/F7uzj8keuW
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 3, 2019