Дома Фудбал Официјално: Стивен Џерард нов тренер на Глазгов Ренџерс

Официјално: Стивен Џерард нов тренер на Глазгов Ренџерс

Поранешниот фудбалер и легенда на Ливерпул Стивен Џерард од денес е и официјално, нов менаџер на тимот на Ренџерс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Она што претходно се најавуваше сега доби и официјална потврда, а тренерскиот ангажман го потврди и Џерард .

„Горд сум и среќен што имам прилика да водам голем клуб каков што е Ренџерс“, гласи изјавата на Џерард во клупското соопштение.

За Џерард ова е прв професионален тренерски ангажман, претходно работеше во младинските категории на Ливерпул.

Џерард на клупата на Ренџерс ќе го наследи Мрти кој заработи отказ по поразот од лутиот ривал Селтик 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Букајо Сака: Сакам да испишам историја во Арсенал

Навивачите на Арсенал ќе очекуваат одлично издание од Букајо Сака во финалето на Лигата на…