Дома Фудбал Англија Официјално: Се раѓа уште една голема сила во Премиер лигата!

Официјално: Се раѓа уште една голема сила во Премиер лигата!

Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Челзи, добија потенцијален ривал за титулата во наредните години.

Како и што се најавуваше пред неколку дена – Њукасл доби нови сопственик!


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Њукасл е продаден за 400 милиони фунти, Бин Зејед се групацијата се огласи преку соопштение.

„По повод големиот број шпекулации за купување на Њукасл од страна на Бин Зејед групацијата, го издаваме следното соопштение:

Договорени се условите помеѓу нас и Мајк Ешли. Овие услови се потпишани од двете страни, а се е проследено и до раководството на Премиер лигата. Доказот за уплатата е проследен на адвокатите на Мајк Ешли“, стои во соопштението.

Повеќе за шеикот кој е полубрат на сопственикот на Манчестер Сити можевте да прочитате – тука.

Со арапските милиони се очекува Њукасл во наредниот период да оствари големи вложувања, а следната сезона амбиција на овој клуб би требало да биде пласман во топ 6 клубови во Премиер лигата.

Останува времето да покаже какви се амбициите Бин Зејед, но на Островот на оваа продажба гледаат како најава за градење на уште еден моќен тим во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…