Дома Македонски спорт ОФИЦИЈАЛНО: Најголемиот македонски талент се пријави за НБА драфтот!

ОФИЦИЈАЛНО: Најголемиот македонски талент се пријави за НБА драфтот!

Денес пишувавме за Србинот кој многу веројатно има македонско потекло, Филип Петрушев кој се пријавил за НБА драфтот ова лето, а сега ни пристигнува уште поубава вест – најголемиот македонски талент исто така би требало да се бори за договор со некој од клубовите во најсилната кошаркарска лига во светот!

Имено пријавен за драфтот кој ќе се одржи на 20 јуни во Њујорк ќе биде Ненад Димитријевиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Треба да напоменеме дека пријавувањето не значи дека Димитријевиќ сигурно ќе се појави на драфтот. Според правилата на НБА тој има можност најдоцна до 29 мај да се откаже доколку го смени мислењето и смета дека нема да има можност да добие договор.

Ако Димитријевиќ го направи тоа ќе добие нова шанса наредната година кога ќе наполни 22 години што е последната граница за место во НБА лигата на на ваков начин.

Димитријевиќ е третиот македонски кошаркар кој се пријавил на еден НБА драфт, но ако настапи ќе биде првиот кој настапил затоа што Предраг Самарџиски и Владо Илиевски се пријавија, па се повлекоа. Единствениот македонски кошаркар кој стигнал да игра во НБА лигата е Перо Антиќ, меѓутоа тој директно потпиша договор со Атланта Хокс.

Ненад Димитријевиќ првите кошракарски чекори ги направи во јуниор школата, а во последните три години игра во шпанскиот прволигаш Хувентуд. Во овој момент поради лоши односи со раководството на МКФ ги пропушти последните неколку натпревари на репрезентацијата на Македонија.

Се надеваме и стискаме палци Димитријевиќ не само да се појави туку и да добие договор во најсилната кошаркарска лига во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…