Националната арена „Филип Втори“ од денеска го промени своето име во национална арена „Тоше Проески“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Портпаролот на Владата, потврди дека Националната Арена се преименува во „Тоше Проески“, па „Филип Втори“ замина во минатото.
Како што и беше најавено, денес Владата на редновна седница одлучи Националната арена да го носи името на најголемата македонска музичка ѕвезда.
„Утрово на редовната 129-та седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена Тоше Проески, во чест на личноста која остави трен белег на македонската и регионална современа историја“, соопшти портпаролот на Владата.
Ова е ново прекрстување на арената која во 2009 година беше преименуван во „Филип Втори“, а во периодот од 2016 до 2017 година го доби и името „Телеком Арена“.
Иако основната намена на арената е за играње на фудбалски натпревари, сепак никогаш до сега не доби име на некоја фудбалска легенда.