Дома Македонски спорт ОФИЦИЈАЛНО: Мечот Македонија – Косово по втор пат одложен!

ОФИЦИЈАЛНО: Мечот Македонија – Косово по втор пат одложен!

Oна што и се очекуваше сега доби и официјална потврда – УЕФА по втор пат го одложи натпреварот Македонија – Косово.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Полуфиналето од Лигата на Нации требаше да се одигра на 26. март во Скопје, меѓутоа пандемијата со коронавирусот го одложи. УЕФА донесе одлука да се игра на 4. јуни, но денес е соопштено дека нема да се игра ниту во тој термин.

Ваквата одлука на доаѓа затоа што предност добија националните шампионати. Првиот термин според новиот календар е од 3. до 8. Септември, но точниот датум дополнително ќе биде потврден. Постои можност да се искористи и октомврскиот термин затоа што сега не се знае кога сезоната ќе заврши и кога фудбалрите би оделе на одмор, па кога ќе се започне новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…