Јувентус денес и официјално објави дека дефанзивецот Мартин Касерес се врати во Јувентус.
Ова е веќе трет пат како Уругваецот пристигнува во редовите на „старата дама“ од Торино и тоа откако прво беше на позајмица во Севиља, па Јувентус го купи, сега одново доаѓа како позајмен фудбалер овој пат од Лацио.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Касерес доаѓа за до крајот на тековната сезона да го замени Мехди Бенатија која го напушти клубот, Лацио доби оштета од 600.000 евра.
Иначе, Лацио оваа сезона не сметаше на Касерес кој не успеа да запише ниту еден настап во Серија А, а освен Јувентус се поврзуваше со Болоња, Парма и некои клубови од Јапонија.
Овој 31 годишен фудбалер во Јувентус би требало да се задржи до крајот на тековната сезона.
⚪⚫ UFFICIALE | Martín Cáceres ritorna bianconero ➡ https://t.co/K8fqYHodQU#WelcomeBackMartín pic.twitter.com/2p2zcesCg3
— JuventusFC (@juventusfc) January 29, 2019