Дома Фудбал Лига на шампиони ОФИЦИЈАЛНО: Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!

ОФИЦИЈАЛНО: Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони!

Тоа што се најавуваше овие денови, денес доби и официјална потврда. Српскиот судија Милорад Мажиќ ќе го суди овогодинешното финале во Лига на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова не е првпат лидерите на европскиот и светскиот фудбал да му доделат на Мажиќ важен натпревар. Во финалето на Купот на Конфедерациите во 2017 година, тој ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Германија и Чиле.

Една година претходно, трио од Србија, предводено од Мажиќ, беше задолжено за средбата од Суперкупот на УЕФА помеѓу Реал Мадрид и Севиља.

Овој пат Мажиќ ќе ја дели правдата на финалето од Лигата на шампиони во Киев помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Честа да го суди финалето во Лига Европа помеѓу Атлетико Мадрид и Марсеј ја доби холандскиот судија Бјорн Кјуперс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

За уживање: Ова се најдобрите пет одбрани на Димитриевски сезонава (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски зад себе остави успешна сезона во д…