Дома Македонски спорт Официјално: Лука Станковски е нов играч на Газиантеп!

Официјално: Лука Станковски е нов играч на Газиантеп!

Maкедонскиот младински репрезентативец и досегашен фудбалер на Работнички, Лука Станковски од денес и официјално е нов играч на турски Газиантеп.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турскиот суперлигаш успеа да го доведе Станковски кој важи за еден од најталентираните и најквалитетните фудбалери во Македонија. Со само 19 години тој беше стандарден првотимец на Работнички, одигра две сезони во најсилната македонска конкуренција и сега оди на едно повисоко ниво.

Слободно може да се каже дека Работнички е клубот кој најдобро работи на трансфер пазарот затоа во изминатите години за одлични суми беа продадени и Елиф Елмас и Давид Тошевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…