Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Крсте Велкоски повеќе не е играч на Сарајево

Официјално: Крсте Велкоски повеќе не е играч на Сарајево

Крсте Велкоски повеќе не е играч на босанскиот прволигаш Сарајево, денес босанскиот клуб го потврди прекинот на договорот кој имаше важност до јуни 2023 година.

Велкоски на два пати го носеше дресот на Сарајево, а клубот емотивно му кажа довидување, но не и збогум. Најавите од Босна се дека по завршувањето на кариерата тој ќе добие некоја функција во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За првпат во Сарајево Велкоски пристигна во 2014 година, се задржа две години, а потоа направи трансфер во Јужна Кореја. Во Босна се врати во 2017 година и од тогаш во изминатите пет години зад себе има голем успех.

Велкоски стана капитен на Сарајево, освои три шампионски титули и три освоени трофеи во Купот и ќе остане запаметен како еден од најтрофејните играчи во клупската историја. На вкупно 234 настапи постигна 64 голови и подели 44 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…