Дома Фудбал Официјално: Коронавирусот одложи и два натпревари во Лигата на Европа

Официјално: Коронавирусот одложи и два натпревари во Лигата на Европа

Она што се најавуваше доби и официјална потврда од УЕФА се одложуваат натпреварите Севиља – Рома и Интер – Гетафе.

Авионот во кои беа играчите на Рома не доби дозвола да слета во Севиља, а клубовите набрзо потоа соопштија дека овој натпревар нема да се игра утре како што беше планирано.

После се огласи и УЕФА која потврди дека поради коронавируот на авионот на Рома не му било дозволено да слета во Шпанија. Поради тоа е одлучено оваа средба да не се игра.

Исто е и со натпреварот помеѓу Интер и Гетафе во кој „нероаѕурите“ требаше да бидат домаќини. Овој натпревар е одложен затоа што Италија е целосно блокирано.

Се уште не познато кога овие натпревар ќе се одиграат, но јасно е дека УЕФА сега е во проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…