Дома Фудбал ОФИЦИЈАЛНО: Интер се засили во одбраната!

ОФИЦИЈАЛНО: Интер се засили во одбраната!

Како што официјално беше објавено на сајтот на италијанскиот клуб, Спалети има уште еден дефанзивец на располагање.

Како што беше и најавено, Лисандро Лопез е нов играч на Интер. Аргентинецот доаѓа од Бенфика, а во редовите на „Нероазурите“ ќе игра на позајмица до крајот на сезоната. Лопез настапува на позицијата централен дефанзивец, има 28 години, а за Бенфика настапуваше од 2013. година.

Помина година дена на позајмица во шпанскиот Гетафе, беше и стандарден во редовите на екипата од предградието на Мадрид, така да во Италија ќе го донесе и искуството од Шпанија. Запиша четири настапи за сениорската селекција на „гаучосите“ и е јасно дека ќе биде добро засилување за Интер во продолжение на сезоната.

Интер има опција да го откупи неговиот договор од Бенфика по завршување на позајмицата, за околу 9 милиони евра, додека шампионот на Португалија за позајмицата ќе добие пола милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут го потопи Јунајтед: „Олд Трафорд“ се празнеше, опасната зона е на бод!

Манчестер јунајтед загуби со 0:3 пред своите навивачи и по осум кола има само седум бода. …