Интер денес и официјално потврди дека тренерот Симоне Инзаги ставил потпис на нов договор до 2026 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите во Италија пренесуваат дека Инзаги ќе заработува по 6.5 милиони евра по сезона со тоа што тука не се пресметани бонусите.
Со тоа Инзаги ќе стане најплатен тренер во Серија А, веднаш пред Конте кој во Наполи заработува 6 милиони евра.
Инзаги минатата сезона на доминантен начин го освои Скудетото со Интер.
Simone Inzaghi 🤝 Inter 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣#ForzaInter #Inzaghi2026
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) July 12, 2024