Дома Топ вести Официјално: Играчите на Барса ги намалија платите за 70%, но искажаа остри критики кон раководството!

Официјално: Играчите на Барса ги намалија платите за 70%, но искажаа остри критики кон раководството!

Сите фудбалери на Барсекона, на чело со Лионел Меси преку социјалните мрежи испратија важно соопштение во кое имаа и остри критики кон раководството.

„Пред се сакаме да појасниме дека нашата цел секогаш беше намалување на платите кои ги добиваме, бидејќи одлично разбираме дека станува збор за вонредна ситуација и ние сме првите кои СЕКОГАШ му помагале на клубот, кога сме биле замолени. Исто така многу пати сме го правеле самоиницијативно, кога веруваме дека е неопходно и важно“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не претсанува да не изненадува тоа дека во клубот има луѓе кои се обидуваат да не стават под лупа и да не стават под притисок, за да направиме нешто кое сите сакаме да го направиме“.

„Дојде моментот да објавам дека освен намалувањето на нашите плати за 70% за време на вонредната состојба, ќе направиме и донација за да можат врабитените во клубот 100% да си ја земаат платата цело време“, стои во соопштението на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…