Дома Трансфер зона Официјално: Бенфика се засили со напаѓачот на Реал Мадрид

Официјално: Бенфика се засили со напаѓачот на Реал Мадрид

Реал Мадрид во досегашниот преоден рок донесе неколку засилувања, а сега дојде време за продажба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кралевите мора да продадат неколку фудбалери поради финансискиот фер-плеј, а прв кој го напушти Сантијаго Бернабеу е Раул де Томас кој од денеска е нов играч на Бенфика.

За Де Томас немаше место во екипата на Реал, а претходната сезона ја помина на позајмица во Рајо Ваљекано. Но, веднаш после истекот на позајмицата, Реал го договори неговиот трансфер во Бенфика која плати 20 милиони евра.

Овој 24-годишен напаѓач е дете на Реал Мадрид, но не успеа да добие шанса во првиот тим. Најчесто заминуваше на позајмица, а овој пат дојде време за разделба.

Претходната сезона за Рајо одигра 33 натпревари во Ла Лига и запиша 14 погодоци и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Контроверзија на натпреварот на Аргентина: Легенда тврди дека голот на Меси не требаше да биде важечки

Меси го доведе Аргентина во водство во 38. минута по одлично изведена акција во натпреваро…