Дома Фудбал Англија Официјално: Абрамович го продаде Челзи за 4,5 милијарди

Официјално: Абрамович го продаде Челзи за 4,5 милијарди

Ерата на Роман Абрамович во Челзи и официјално заврши, откако денес лондонскиот клуб официјално потврди дека е постигнат договор со американскиот конзорциум предводен од Тод Боли, „Клирлејк Капитал“, Марк Болтер и Хансјорг Вајс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Боли заедно со своите партнери го купи клубот во инвестиција вредна околу 4.5 милијади евра, но се уште се чека да се случат две работи за да можат и официјално да го преземат клубот. Потребни се дозволи од Премиер лигата и од владата на Велика Британија за финализирање на договорот.

„Од вкупната направена инвестиција, 2,9 милијарди евра ќе бидат искористени за купување акции во клубот, а тој приход ќе биде депониран на замрзната банкарска сметка во Велика Британија со намера 100% да се донира во добротворни цели“, соопштија од Челзи.

Сите детали околу продажбата треба да бидат готови до крајот на мај, а се ќе треба да се случи до 31 мај за Челзи да добие дозвола да се натпреварува следната сезона. Ова ќе биде крај на 19-годишното „владеење“ на Роман Абрамович во клубот, во кои тимот освои пет трофеи во Премиер лигата, две титули европски шампиони и една титула светски првак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо планира да искористи ѕвезда на Реал Мадрид во необична улога

Жозе Мурињо интензивно размислува за начинот на кој би ја поставил екипата на Реал Мадрид,…